Австриска експертска помош за развој на македонското шумарство
Модерно менаџирање, одржливо управување и еколошка заштита на шумите, ќе бидат првите проекти за развој на шумарството во Македонија што ќе ги спроведе ЈП „Македонски шуми“ со експертска помош од Австрија. Како што беше речено денеска на прес-конференција, во рамки на соработката е предвидено и изготвување стратегија за користење на шумската биомаса како обновлив извор на енергија. Австрискиот метод за управување со шумарството е меѓународно познат, а стручните тимови од Австрија досега соработувале со стотици експерти од други земји, Јапонија, Кина, Кореа, Кавказ,... - Македонија е речиси 50 отсто покриена со шуми и тука гледаме огромен потенцијал за соработка. За нас шумите се многу важен дел од стопанството, животната средина и општеството, генерално. Оттука, имаме развиено посебен пристап кој опфаќа три клучни сегменти, економски, еколошки и менаџирање/управување , нагласи директорот на Секторот за шумска политика и информации од Федералното министерс...