Posts

Showing posts with the label македонски шуми

Австриска експертска помош за развој на македонското шумарство

Image
   Модерно менаџирање, одржливо управување и еколошка заштита на шумите, ќе бидат првите проекти за развој на шумарството во Македонија што ќе ги спроведе ЈП „Македонски шуми“ со експертска помош од Австрија.  Како што беше речено денеска на прес-конференција, во рамки на соработката е предвидено и изготвување стратегија за користење на шумската биомаса како обновлив извор на енергија. Австрискиот метод за управување со шумарството е меѓународно познат, а стручните тимови од Австрија досега соработувале со стотици експерти од други земји, Јапонија, Кина, Кореа, Кавказ,...    - Македонија е речиси 50 отсто покриена со шуми и тука гледаме огромен потенцијал за соработка. За нас шумите се многу важен дел од стопанството, животната средина и општеството, генерално. Оттука, имаме развиено посебен пристап кој опфаќа три клучни сегменти, економски, еколошки и менаџирање/управување , нагласи директорот на Секторот за шумска политика и информации од Федералното министерс...

Шумски писма на читатели

Image
Со оглед на тоа што објавивте напис за состојбата со дрвјата во светот, еве нешто за состојбата на шумите кај нас. Се чини дека во нашава земја како што се зголемува бројот на двоножни дрва така со прогресивна правопропорционалност се намалува бројот на дрвја Низ цела Македонија се случува безмилосно уништување на шумите од страна на дрвната мафија во спрега со некои државни установи за поделба на милионски заработувачки . Како што еднаш рече пратеничката Лиљана Поповска: „државата и дрвокрадците имаат одлична соработка“. Се работи за организирана индустриска кражба. Се чини овој криминален бизнис е најпогоден за предизборно полнење на партиската каса. Во мојот град Прилеп јавна тајна е дека за Ромите од Тризла дрвокражбата е дозволена како отплата за гласањето во минатите избори. Но сегашниот масакр на шумите накај вештачкото езеро е над секој разум. Со моторни возила лади или пезетки, навечер со запрежни возила и камиони нон стоп ден и ноќ само се носат украдени дрва наочиглед на...

Кичевско дрво и зимава ќе ги затоплува домовите низ земјава

Image
Како и претходните години така и годинава од кичевскиот регион ќе бидат испорачани најголеми количества огревно дрво до потрошувачите во земјава. Поголемиот дел испорачано огревно дрво е преку синдикалните организации од компаниите, додека помали количества ќе им бидат испорачани на подружниците на „Македонски шуми“ во други градови, кои не се во можност целосно да ги испорачаат договорените количества до крајот на сезоната, а ги дополнуваат од кичевската подружница. - Паралелно со снабдувањето со огревно дрво на жителите од нашата општина, нашата подружница и годинава со овој енергент ги снабди и најголемите градови во земјава - Скопје, Тетово и Битола. Им овозможи и на некои подружници да ги испорачаат договорените количества на огревно дрво од нашиот регион - рече Никола Танески од подружницата на ШС Лопушник-Кичево. Тој нагласи дека на пензионерите од неколку општини им е овозможено да се снабдат со кичевско дрво преку нивните здруженија или на одделни компании преку нивните синдик...

Видео за Европските Шуми

Image

Магационер користел лажни испратници заверени со службен штембил и печат на МЗШВ

Image
Скопската полиција поднесе кривична пријава против С.Д. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување службена исправа. Како што информираа од полицјата пријавениот во својство на магационер во ПШС „Караџица“-Скопје во ЈП „Македонски Шуми“-Скопје, во текот на 2014 година од непознато лице набавил поголема количина кочани со лажни испратници кои биле заверени со службен штембил и печат на МЗШВ-Сектор за шумарство и лозарство, по што ги заверил со службен печат на ПШС „Караџица“-Скопје. Испратниците веднаш биле издадени на пет правни лица, кои ги приложиле до сметководство во ШПС „Караџица“ Скопје како прилог кон фактурите за наплата на извршената услуга за сеча, дотур и  превоз на огревното дрво од место на сеча до складот во населба Драчево Плац бр.1. Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/magacioner-koristel-lazhni-ispratnici-zavereni-so-sluzhben-shtembil-i-pechat-na-mzshv

Етат

Image
Етатот се планира врз основа на Плановите за стопанисување со шумите за стопанска-економска намена. Во секоја претходна, за наредната година, врз основа на плановите за стопанисување со шумите, на ниво на подружници и ЈП "Македонски шуми", се изготвуваат и донесуваат Производно-финансиски планови. Користењето на етатот од страна на Јавното претпријатие не е во сооднос со предвидениот. Коефициентот на користење на сечивиот етат се движи околу 0,70 во однос на можниот предвиден со посебните планови за стопанисување со шумите. Овој проблем е тесно сврзан со планирањето на обемот на сечите, отвореноста на шумите, сезонскиот карактер на патната инфраструктура, несоодветна и застарена механизација, нелојална конкуренција на пазарот на огревно дрво и сл. На пазарот е присутна нелојална конкуренција од продажба на дрво од страна на приватни лица кои нудат нелегално посечено дрво во државна шума, без дозвола . Нелегалната сеча се одвива на најразлични начини и по најразл...

Историјат на шумарството во РМ

Image
Во далечното минато територијата на Република Македонија, како и целиот Балкански полуостров бил покриен со густи и непроодни шуми. Со демографскиот развој на населението, како и постојаниот стремеж за опстанок, ги насочувало луѓето кон максимална експлоатација на природата. Така шумите постојано биле уништувани со опожарување и копачење, со цел да се добијат обработливи површини и пасишта. Со раздвижувањето на населението на овие простори уште од античко, преку римско, византиско време, турската империја, така и во поново време, со економската миграција, овие површини биле оставени на забот на времето. Под дејство на биотските и абиотските фактори овие површини се доведени во еродирана и деградирана форма, односно гола непродуктивна површина. Република Македонија се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров помеѓу 40о50' до 40о и 20' северна географска ширина, 20о 27' и 23о 05' источна географска должина, со вкупна површина од 25.713 км2, на одда...

ЈП Македонски Шуми има нов Генерален Директор

Image
На предлог на Владата на Република Македонија, на 05.08.2017 година Управниот Одбор, едногласно го избра дипл.шум.инж. Зоран Ѓорѓиев за нов Генерален Директор на ЈП “Македонски Шуми“. Зоран Ѓорѓиев е роден на 18.02.1971 во Кавадарци. Основно и средно училиште завршува во Кавадарци. Дипломира на Шумарскиот факултет во Скопје . Во ЈП Македонски Шуми работи повеќе од 20 години, поточно од 1996 година кога се вработува како шумарски инженер во подружницата на ова претпријатие во Кавадарци. Од 2004 до 2006 е директор на ЈП Македонски Шуми подружница Кавадарци. Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.

ЈП „Македонски Шуми“

Image
ЈП „Македонски Шуми“ (полно: Јавно претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на Република Македонија) е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г., а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми. ЈП „Македонски шуми“ стопанисува со површина од 935.000 ха, од кои 817.000 ха или 90% од вкупниот шумски фонд се во државна сопственост, додека 89.000 ха, се во приватна сопственост. Според форма на одгледување, шумите во Македонија со кои стопанисува ЈП „Македонски шуми“ се високостеблени, на површина од 262.790 ха, или 29% и нискостеблени, на површина од 643.000 ха или 71% од вкупната површина под шуми. Според намената, 92% од шумите се се од стопански карактер, и тие се протегаат на површина од 834.347 ха, 17.617 ха се под заштитни шуми, а 54.036 ха опфаќаат шумите со посебна намена. Вкупната дрвна маса (волумен) со која што располага ЈП Македонски...