Шар Планина е една од нашите најубави планини. Таа се простира во крајниот западен дел од нашата држава и високо се издига над полошката котлина. Поледниве години се погласни се поборниците оваа планина да биде прогласена за национален парк за да се зашува нејзината природна убавина и богатството на флора и фауна. Во продолжение запознајте се со некои интересни податоци за овој наш планински бисер, кои се потенцирани од пријателите на Шара. МЕСТОПОЛОЖБА · Највисокиот врв на Шар Планина е Титов Врв · Се до крајот на XIX век се сметало дека Шар Планина, со врвот Љуботен е највисока планина на Балканот. · Во антиката, Шар Планина била позната како Scardus. · Најниската температура измерена на Попова Шапка е -23,7°C, а највисоката 30,6°C. · Во п...
Модерно менаџирање, одржливо управување и еколошка заштита на шумите, ќе бидат првите проекти за развој на шумарството во Македонија што ќе ги спроведе ЈП „Македонски шуми“ со експертска помош од Австрија. Како што беше речено денеска на прес-конференција, во рамки на соработката е предвидено и изготвување стратегија за користење на шумската биомаса како обновлив извор на енергија. Австрискиот метод за управување со шумарството е меѓународно познат, а стручните тимови од Австрија досега соработувале со стотици експерти од други земји, Јапонија, Кина, Кореа, Кавказ,... - Македонија е речиси 50 отсто покриена со шуми и тука гледаме огромен потенцијал за соработка. За нас шумите се многу важен дел од стопанството, животната средина и општеството, генерално. Оттука, имаме развиено посебен пристап кој опфаќа три клучни сегменти, економски, еколошки и менаџирање/управување , нагласи директорот на Секторот за шумска политика и информации од Федералното министерс...
ЈП „Македонски Шуми“ (полно: Јавно претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на Република Македонија) е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г., а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми. ЈП „Македонски шуми“ стопанисува со површина од 935.000 ха, од кои 817.000 ха или 90% од вкупниот шумски фонд се во државна сопственост, додека 89.000 ха, се во приватна сопственост. Според форма на одгледување, шумите во Македонија со кои стопанисува ЈП „Македонски шуми“ се високостеблени, на површина од 262.790 ха, или 29% и нискостеблени, на површина од 643.000 ха или 71% од вкупната површина под шуми. Според намената, 92% од шумите се се од стопански карактер, и тие се протегаат на површина од 834.347 ха, 17.617 ха се под заштитни шуми, а 54.036 ха опфаќаат шумите со посебна намена. Вкупната дрвна маса (волумен) со која што располага ЈП Македонски...
Comments
Post a Comment